Противникот на Португалија со закана до Роналдо: Ќе плачеш против нас!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Демократска Република Конго испиша историја со пласманот на Светското првенство, првпат по пауза од 52 години.

Големиот успех беше прославен низ целата земја, а во центарот на вниманието се најде и министерот за спорт Дидие Будимбу, кој испрати храбра порака пред настапот на Мундијалот.

На собирот на Плоштадот пред Народната палата, каде илјадници навивачи го славеа пласманот, министерот истакна дека патот до Светското првенство бил исклучително тежок.

„Квалификациите не беа воопшто лесни, се боревме жестоко за да стигнеме до тука“, изјави Будимбу.

Тој нагласи дека целата нација мора да застане зад репрезентацијата и дека не смее да се задоволат само со учество на турнирот, туку да имаат и повисоки амбиции.

Во свој стил, Будимбу испрати и самоуверена најава пред првиот натпревар на Мундијалот.

„Во нашиот прв меч на Светското првенство 2026, Кристијано Роналдо ќе плаче“, порача министерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×