1,5K
Холандски Феенорд на два дена пред важниот натпревар од плеј-офот против Милан остана без тренерот Брајан Приске.
Клубот одлучи да се раздели со Приске кој го наследи Арне Слот во текот на летото. Со Приске на клупата Феенорд успеа да го освои Суперкупот на Холандија, но во изминатиот период тимот немаше добри резултати, па клубот се одлучи за смена.
„Феенорд се разделува со Брајан Приске. Благодарни сме му за неговото време во клубот и му посакуваме се најдобро во иднина“, објави клубот од Ротердам.
Заедно со Приске клубот го напуштија и неговите помошници.