Виктор Фонд, противникот на Жоан Лапорта за претседател на Барселона, е убеден дека може да го донесе Ерлинг Халанд на Камп Ноу.
„Каталонците“ оваа недела ќе одбираат нов претседател, Жоан Лапорта и Виктор Фонт се опциите.
Во разговор со СЕР Каталонија, Виктор Фонт сега најави трансфер бомба и ангажман на Ерлинг Халанд.
„Тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот, може да доминира во следните 10 години, иако во денешно време е тешко да задржиш толку долго некој фудбалер“ – вели Виктор Фонт.
„Ерлинг е заљубен во Шпанија, знам дека и Реал Мадрид го сака, но ние работиме на негов ангажман и се обидуваме да добиеме приоритет опција за иднината и убеден сум дека ќе успееме“.
„Сити не сака да го продаде Халанд, но признаваат дека ќе биде тешко да го задржат. Реал Мадрид нема да може да потпише со Халанд, но ние можеме“.
Претходно, неколку извори објавија дека луѓе од доверба на Виктор Фонт вчера се сретнале со директори на Манчестер Сити и било разговарано за трансфер на Ерлинг Халанд.