Македонија има позитивен скор со три од петте противници во квалификациите за СП 2022, имаме негативен само со Романија, а со Германија ќе играме за прв пат.
Против селекцијата на Романија сме одиграле пет дуели, имаме една победа и четири порази. Триумфот е пред десет години во пријателски меч, а четирите порази се во квалификациски дуели.
Против Исланд имаме одиграно четири натпревари, двапати сме победиле, еднаш сме загубиле, еден меч завршил нерешено.
Против Ерменија имаме одиграно девет меча, во нив четирипати сме се радувале на победа, трипати сме загубиле, две средби завршиле нерешено. Иако имаме подобар скор, имаме полоша гол разлика од нив, на два од трите порази примивме по четири гола.
Против Лихтенштајн исто така имаме девет меча, осумпати сме победиле, еднаш сме загубиле. Една од тие осум победи е и нашата највисока во историјата кога во квалификациски меч во 1996 година ги победиме со 11:1.
Меѓусебните дуели на Македонија со противниците во квалификациите за СП 2022
Германија – немаме меѓусебни натпревари
Романија – 5 натпревари (1 победа, 0 нерешени, 4 порази, гол разлика 5:11)
Исланд – 4 натпревари (2 победи, 1 нерешена, 1 пораз, гол разлика 4:2)
Ерменија – 9 натпревари (4 победи, 2 нерешени, 3 порази, гол разлика 15:16)
Лихтенштајн – 9 натпревари (8 победи, 1 нерешена, 0 порази, гол разлика 33:5)