Прославениот Георге Хаџи разговарал со Џерард околу иднината на Јанис, посочил една опција

by
1 минути читање

Се чини дека во
Глазгов Ренџерс немаат никакви дилеми во тоа дали да го задржат талентираниот
Јанис Хаџи, син на прославениот романски фудбалер Георге Хаџи, а тимот од „Иброкс“
ја има таа опција за само 4.3 милиони фунти.

21 годишниот
Романец во јануарскиот преоден рок се пресели во Глазгов Ренџерс како позајмен
фудбалер од Генк до крајот на актуелната сезона, а тој за брзо привлече големо
внимание кај европските гиганти, се шпекулира дека Реал Мадрид и Лацио особено
се заинтересирани за неговите услуги, но, извесно е дека Романецот ќе остане во
Шкотска.

Медиумите
известуваат дека прославениот Георге Хаџи веќе разговарал со легендарниот Стивен
Џерард, инаку актуелен тренер на Глазгов Ренџерс околу иднината на Јанис, а
Георге наводно верува дека шкотскиот клуб е најидеалниот клуб во моментов за
неговиот син.

Нема дилеми дека
белгиски Генк направи одлична зделка со Хаџи, кого го ангажира ланската година
од романски Вицорул, а обете страни се договорија на соработка со важност до
2024. година.

Ренџерс на некој
начин се вратија на старите патеки, иако засега се далеку од Селтик во
домашниот шампионат, меѓутоа имаа успешен настап во Лига Европа, но откако ја
минаа успешно групната фаза, налетаа на Лацио, од кого загубија со 1-3 пред
своја публика во првиот меч од осминафиналето.

Што се однесува
до Јанис, тој на 7 настапи успеа зад своето име да запише и три погодоци, а импресивните изданија во дресот на прославениот шкотски клуб секако останаа
забележани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×