Прославата на Морган по голот вреден финале на СП ги налути Англичаните (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фудбалерките на
САД се први финалисти на Светското првенство откако синоќа со 2-1 славеа во
полуфиналето против Англија, вечерва се игра и втората полуфинална пресметка
каде силите ќе ги одмерат Холандија и Шведска.

30 годишната
Алекс Морган, која воедно беше стрелец на голот за победа на САД во 31. минута,
истиот го прослави на еден доста контроверзен начин по кој следеа бурни реакции
на Островот.

Морган
гестикулираше пиење на чај, алудирајќи на култната традиција на Англичаните,
инаку соодвестува на Бостонската чајанка од 1773. година кога почнала
американската револуција поради наметнатите даночни закони од страна на
Англија.

Американката по
мечот објасни дека сакала да има прослава каква што ќе се памети, токму вчера и беше нејзиниот роденден, па затоа на таков начин го прославила погодокот, демантирајќи било каква политичка
позадина зад сето тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани