Селекторот на црногорската репрезентација, Роберт Просинечки има ужасна низа, најлоша во фудбалската историја на оваа земја, Црна Гора нареди шест порази по ред.
По четири одиграни кола Црна Гора има исто толку порази во својата група од Лигата на нации, и голема е веројатноста дека од Б ќе се преселат во Ц дивизијата.
Вчерашниот пораз од Велс со 1-0 е шести по ред за Просинечки како селектор на Црна Гора, тоа е најлошата низа на оваа селекција.
Хрватскиот стратег откако беше назначен за селектор, добро тргна, со победи над Белорусија и Македонија, но потоа загуби од Белгија, Грузија, Исланд, Турција и двапати од Велс.
На првите осум меча на клупата, легендарниот хрватски фудбалер освојува по 0,75 бодови што е најслаб ефект во историјата на црногорската репрезентацијата. Досега на дното беше Љубиша Тумбаковиќ со 1,07 бодови.