Просинечки си поднесе оставка по поразот на БиХ од Ерменија

by
0 минути читање

На Босна и Херцеговина и требаше победа од денешниот меч за да ги задржи шансите за второто место во квалификациите, но тоа не се случи, тие загубија од Ерменија, а одговнорноста ја презема Просинечки.

„Кога дојдов на функцијата целта ни беше да одиме на Европско првенство. Не успеавме во тоа, па поднесувам оставка и му давам шанса на некој друг. Наследникот ќе има доволно време да ја припреми екипата за Лигата на нации. Јас повеќе не сум селектор“, изјави Просинечки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×