155
Голманот на Челси, Тибо Куртоа викендов ја покажа својата пасија кон спортот. Откако успешно си ја заврши задачата во лонсонското дерби (Челси го победи Арсенал со 3-1), отпатува во Њујорк и присуствуваше на мечот помеѓу Њујорк Никс и Кливленд Кавалирс. Веќе следниот ден беше во Хјустон на спектакуларниот Супербоул меч.
За оваа авантура на Куртоа му беа потребни 48 часа и поминати околу 16.000 километри.
1. Лондон: Челси – Арсенал сабота 13:30
2. Њујорк: Никс – Кавалирс сабота 20:30 (02:30 средно европско време)
3. Хјустон: Атланта – Њу Ингланд 17:30 (00:30 средно европско време)