Поранешниот англиски репрезентативец Деле Али е слободен играч откако во септември 2025 му беше раскинат договорот со Комо, а кариерата би можел да ја продолжи во шпанската Ла Лига.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Али ја одржувал формата со индивидуални тренинзи и го привлекол вниманието на четири клуба од елитата.
Станува збор за Реал Овиедо, Севиља, Елче и Хетафе. Реал Овиедо наводно прв воспоставил контакт и му нуди договор до крајот на сезоната со опција за продолжување, верувајќи дека Али може да донесе искуство и офанзивна закана.
Елче е во најдобра позиција за потпис и нуди двегодишен договор со плата блиску до два милиони евра, додека Хетафе размислува за ангажман на сезонa и пол. Севиља внимателно ја следи ситуацијата поради финансиските услови, но и таму постои интерес за краткорочна соработка. Одлуката за иднината на Али се очекува во наредните недели, а за фудбалерот преселба во Шпанија би значела шанса за нов почеток и враќање на самодовербата.