Пропадна трансферот на Окафор од Милан во Лајпциг

by 24 фудбал
1 минути читање

Сè беше договорено, се чекаа само медицинските тестови и потпис на договор, меѓутоа пропадна трансферот на Ноа Окафор од Милан во РБ Лајпциг.

Швајцарскиот напаѓач пристигна во Германија на тестирањата, а според тој ги паднал стандардните медицинските тестови. Причината веројатно е склоноста кон повреди и фактот дека Окафор е рековалесцент и во овој момент.

Лајпциг се повлече од трансферот, па се очекува фудбалерот да се врати во Милан, иако требаше да потпише на позајмица со право на откуп за 25 милиони евра.

Постојат информации од Италија кои велат дека можеби прекинот на преговорите е поврзан и со финансиски недоразбирања на клубот и агентите на фудбалерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани