Промашувањето на Манчестер Јунајтед се враќа во Италија за да ја оживее кариерата?

by 24 фудбал
1 минути читање

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Рома ќе се обидат во зимскиот преоден рок да го доведат холандскиот напаѓач Џошуа Зиркзе од Манчестер Јунајтед. 24-годишниот фудбалер минатата година пристигна од Болоња за сума од 42,5 милиони евра, но во Англија не успеа вистински да се адаптира и од стартот беше третиран како неуспешно засилување. Во Премиер лигата има 36 настапи и три постигнати гола.

Во Италија пак го паметат по многу подобрите изданија во дресот на Болоња каде што од 2022 до 2024 одигра 53 во Серија А и запиша 13 голови, предводејќи го тимот во еден од најуспешните периоди во поновата историја. Токму затоа и Милан и Рома го гледаат како идеално решение за засилување на нападот, а и самиот играч е привлечен од идејата да се врати во Италија. За него постои интерес и од Вест Хем.

Зиркзе професионалната кариера ја започна во Баерн, а пред трансферот во Болоња играше и за Парма и Андерлехт. За холандската репрезентација има шест настапи и еден гол. Рома моментално е втора на табелата во Серија А, додека Милан се наоѓа на третата позиција, а напаѓачката линија на римјаните е особено проблематична со само 12 погодоци на 11 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×