Денеска загинаа седум навивачи на ПАОК, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случи во Романија на пад за Франција.
До трагедијата дојде во близина на Темишвар, на околу 80 километри од српската граница, а постои морничава сличност со слична несреќа пред нешто повеќе од 26 години, во која исто така беа вклучени навивачи на ПАОК. Фановите на солунскиот клуб патувале за Франција, каде што нивниот тим задутре треба да игра натпревар од Лигата Европа против Лион . Несреќата се случила кога минибусот во кој патувале преминал во спротивната лента и удрил директно во камион.
На 4 октомври 1999 година, трагична сообраќајна несреќа во Темпи ја потресе Грција, а во неа загинаа шест млади навивачи на ПАОК кои се враќале од натпревар во Атина. Автобусот, додека се обидувал да престигне, удрил во камион, при што имаше вкупно седум жртви – шест навивачи и возачот на камионот.
Несреќата се случила околу 4:30 часот наутро, на околу два километри пред Темпи. Секоја година се одбележува им се оддава почит на жртвите на спомен-обележје подигнато на местото на трагедијата, каде што се собираат навивачи од сите клубови.