„Проектил“ на Вокер за победа на Сити против Њукасл (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Пеп Гвардиола
побара триумф пред паузата за репрезентативен настап и неговите играчи ја
исполнија задачата и покрај тоа што не одиграа брилијантно.

Мечот почна
одлично за домаќините, Стерлинг донесе водство веќе во 8. минута, но гостите се
вратија во половина час игра. Одбраната на Сити подзаспа, Жесус беше оставен да
покрива на подалечната статива, па Једлин рутински реализираше за 1-1.

На стартот од
вториот дел работите сепак си дојдоа на свое место. Вокер испрати „проектил“ од
далечина, Дубравка немаше шанси да одбрани па десниот бек донесе победа и три
бода за „граѓаните“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×