„Проект Саботажа“: Ѕвездите во Премиерлигата одбиваат да се вратат на тренинзите од понеделник

by
2 минути читање

За денеска беше
предвиден видео состанок помеѓу клубовите од Премиерлигата и нивниот фудбалски
и не-фудбалски персонал, меѓутоа клубовите не добиваат позитивен одговор од
нивните ѕвезди.

„Спортсмејл“
објави дека фудбалерите веќе приватно ги известиле своите тренери дека имаат
големи сомневања околу тоа колку е паметно да се вратат на своите клупски
обврски идната седмица, поточно од понеделник.

Повеќе клубови од
Премиерлигата денеска, а во следните 48 часа ќе одржат видео состанок со својот
фудбалски и не-фудбалски персонал за да ги информира околу здравствените
протоколи кои ќе бидат применети.

Овој состанок на
некој начин им дава можност на фудбалерите да го искажат своето мислење околу
враќањето на тренинзите во помали групи, а трежниот циклус е предвидено да
продолжи од 18. мај.

Повеќе ѕвезди во
Премиерлигата веќе јавно укажаа на тоа дека се загрижени околу враќањето,
Серхио Агуеро, Рахем Стерлинг, Мануел Лансини и Дени Роуз се помеѓу нив, а од
клубовите се верува дека нема да има никаков притисок.

Владата вели да
се врати фудбалот, бидејќи тоа ќе донело стимул во моралот на нацијата, воопшто
не ми е гајле за моралот на нацијата, животот на луѓето е под ризик
“ рече фудбалерот
на Њукасл, Дени Роуз кој е на позајмица од Тотнем, во изјава на социјалните
мрежи, а загриженост пријави и Стерлинг.

Моментот кога ќе
се вратиме на своите обврски, треба да биде момент кој не треба да биде само од
фудбалски причини, туку да биде и безбедно, не само за нас, туку за сите,
вклучително и медицинскиот тим, судиите. Дотогаш, јас не сум исплашен, но
резервиран околу сево ова, мислам на тоа какви би биле последиците
“ рече
Стерлинг, а од претходно јавно на оваа тема говореше неговиот соиграч од
Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

Медиумите на
Островот веќе почнаа т.н. „Проект Рестарт“ да го нарекуваат „Проект Саботажа“,
од причина што сопките на Премиерлигата доаѓат од повеќе страни во обидите
конечно да се изнајде крајно решение за актуелната сезона да биде комплетирана
на терените, а не на маса како што тоа се случи во Франција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×