94
Расте тензијата
помеѓу раководството на Вардар и неговите навивачи, клубот денеска излезе со
објава на настанот кој се одржува на 17 август на „Телеком Арената“ во Скопје,
кога на „црвено-црните“ им гостува турскиот гигант Фенербахче во рамките на
плејоф рундата од квалификациите за Лига Европа.
По објавата
следеше навала на навредливи и пред се критични коментари на вардарови навивачи
кои се гневни поради тоа што нивниот омилен клуб во продажба пушти драстично
високи цени на билетите за претходно наведениот натпревар (читај – 2.000, 2.500
и 3.000 денари).
Фото-вест:
Кочо Сотировски (24фудбал,
Вардар-Копенхаген, архива)