Продолжува турското лудило: Во Истанбул слета засилување од Манчестер Сити!

by 24 фудбал
1 минути читање

Галатасарај комплетира уште едно големо засилување, бидејќи Илкај Гундоган пристигна на потпис со актуелниот шампион на Турција.

Поранешниот капитен на Манчестер Сити и германски репрезентативец пристигнува во Истанбул со договор до 2027 година. Со неговото огромно искуство, лидерски квалитети и трофејно минато, Гундоган се очекува да биде столб во средниот ред на „лавовите“.

Галатасарај беше меѓу најактивните клубови во овој преоден рок, а пред Гундоган веќе ги ангажираше Вилфред Синго, Угурчан Чакир, Исмаил Јакобс, Прземислав Франковски и Лерој Сане, а за рекордна сума го откупи Виктор Осимен (75 милиони евра).

Со вакви засилувања, тимот јасно покажува дека има големи амбиции да продолжи со доминација во Турција и да биде сериозен конкурент во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×