Трката за врвот во Втората македонска фудбалска лига како што стојат работите ќе остане неизвесна до самиот крај на првенството.
Позициите во врвот и понатаму не ги делат многу бодови, Брегалница, Охрид, Шкендија Арачиново, Скопје и Беласица по 20. коло продолжуваат да се држат на исто растојание на табелата.
Во последните средби, Охрид забележа минимална победа од 1-0 на гостувањето против Кожуф, додека Шкендија Арачиново со ист резултат го совлада Детонит дома.
Брегалница со сигурна игра го победи Каменица Саса со 3-1, а Скопје не остави дилеми и со убедливи 5-0 ја совлада Победа на гостински терен. Беласица пред своите навивачи со 2-0 го совлада тимот на Слога Виница.
Беласица – Слога Виница 2-0
Брегалница – Каменица Саса 3-1
Кожуф – Охрид 0-1
Победа – Скопје 0-5
Шкендија Арачиново – Детонит Плачковица 1-0
Тетекс – Новаци 2-1
Вардар Неготино – Преспа 2-1