Продолжува хаосот во Африка, Мароко испратил тужба!

by Стефан
1 минути читање

Сенегал по неверојатна драма го совлада Мароко со 1-0 по продолженија и го освои Африканскиот Куп на Нации, но домаќинот Мароко најавува тужба против Африканската фудбалска конфедерација (КАФ) и ФИФА.

Според Фудбалскиот сојуз на Мароко, правните чекори ќе се преземат поради хаотичните настани во финалето, кога сенегалската репрезентација се повлече од теренот по досудениот пенал, што според нив, влијаело на исходот и перформансите на играчите.

„Фудбалскиот сојуз на Мароко ќе преземе правни мерки против Африканската фудбалска конфедерација (КАФ) и ФИФА поради повлекувањето на сенегалската репрезентација од теренот во финалната средба против Мароко и сите настани кои следуваа. Пеналот за Мароко го досудија експерти, а заминувањето на Сенегалците од терен значително влијаеше на исходот на натпреварот и на перформансите на играчите“, стои во соопштението.

Сенегалците се повлекоа по одлуката на селекторот, но присебен остана Садио Мане кој ги повика соиграчите да се вратат. Целиот инцидент траеше околу 15 минути, а откако играта продолжи, Дијаз го промаши пеналот, по што мечот се одвиваше во продолженија, каде Сенегал постигна победнички гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×