1,K
Борац Бања Лука ја сочува предноста во Љубљана откако одигра 0-0 со Олимпија и со вкупни 1-0 оди во следното коло од Конференциската лига.
Борац со 1-0 отпатува на гостувањето кај Олимпија Љубљана и успеа да ја сочува таквата минимална предност.
Бобан Николов беше стартер и играше до 91. минута кога беше изваден од игра.
Нашиот голман, Дамјан Шишковски од клупата за резерви го следеше овој дуел.
Понатаму оди и Бетис кој на домашен терен загуби од Гент со 1-0, но во Белгија славеше со 2-0.