Продажбата на Милан виси на конец

by
1 минути читање

Милан никако да
премине во рацете на конзорциумот од Далечниот Исток, откако на сметка легнаа два
депозити од по 100 милиони евра, никако да биде извршена исплатата на
последните средства.

Овој месец
зделката требаше официјално да биде комплетирана, но ивеститорите од Кина
одново побараа одложување и последните информации велат дека продажбата на
Милан сега виси на конец.

СпортМедиасет
пренесува дека денеска не пристигнала ветената сума од 100 милиони евра, а веројатно
нема да пристигне ниту утре.

Формален договор
со рокови и ултиматум нема, но големи се шансите Силвио Берлускони да се откаже
од зделката доколку исплатата не пристигне до крајот на неделата.

Според Ил Соло 24
Оре, парите се тргнати од Кина но во моментов се „заглавени“ на Британските Девствени
Острови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани