Барселона, во
август 2017 тропна три пати на вратата на Ливерпул за ангажман на Филипе
Кутињо, кој тогаш беше најдобар играч на Енфилд. „Каталонците“ имаа пари за
трошење откако ПСЖ им искешира 222 милиони евра и сакаа да донесат ѕвезда која
ќе го ублажи заминувањето на Бразилецот.
Ливерпул сепак
тоа лето завзеде цврст став и категорично ги одби сите предлози, но во јануари
следната година му доволија на Филипе Кутињо да се пресели на Камп Ноу за 160 милиони евра.
„Дејли Мејл“ сега прави анализа на оваа заделка и вели дека продажбата на
Кутињо е најдобрата одлука на Јирген Клоп во Ливерпул.
„Клоп ги разгледа
опциите кои ги имаше. Дали имаше поента да чува играч кој не е среќен? Не. Дали
Клоп веруваше дека се уште може да го користи? Не. Дали Кутињо ќе може да му
помогне на Ливерпул доколку пристигне четврта понуда од Барселона? Не. Кога Клоп
ги зеде во предвид овие одговори, знаеше што треба да се направи иако одлукаа
немаше да биде популарна“ – вели Дејли Мејл.
Со парите добиени од
трансферот на Бразилецот (и уште десетици милиони од сопствениот приход), Клоп
донесе рекордни засилувања од типот на Ван Дајк и Алисон, а пристигнаа и Фабињо
и Шакири (Кеита исто така пристигна но беше пазарен пред Кутињо да биде продаден).
Па Германецот
направи многу посилен Ливерпул, кој минатата сезона играше финале во Лигата на
шампионите, а сега е во битка со Манчестер Сити за прва титулата во Премиерлигата по 29 години, а
ќе игра и полуфинале во ЛШ, каде противник ќе им биде токму Барселона и Филипе
Кутињо.
Згора на се, Клоп
се погрижи Барса да не им тропне одново на вратата, барем не до 2020 година (детали кои беа откриени уште минатата година). Како
дел од трансферот на Филипе Кутињо, Германецот и лидерите на Ливерпул инситирале да биде вметната клаузула според која
„каталонците“ ќе мора да платат екстра 100 милиони фунти (116 милиони евра)
доколку посакуваат нов играч од Енфилд. Па на пример ако Барса го сака Ван Дајк и
Холанѓанецот вреди 120 милиони фунти, шампионот на Шпанија ќе треба да плати 220 милиони
фунти.