Проценето колку чинеше дивеењето на фановите на Партизан во дербито!

by 24 фудбал
1 минути читање

Дербито во Белград донесе убедлива победа од 3-0 за Црвена Звезда над Партизан, но резултатот остана во втор план по драмата што се случи на трибините.

Среде натпреварот настана пожар на јужниот дел од стадионот, каде што традиционално се сместени навивачите на Партизан. Пламените јазици за кратко време зафатија дел од трибината, па мораше да реагираат и противпожарните служби за да спречат поголем инцидент.

Последиците се сериозни. Уништени се голем број седишта, а јужната трибина претрпе значителни оштетувања. Првичните информации од Србија говорат за штета од 23.400.000 динари, што е приближно 200.000 евра.

Според тамошните извори, ова е најголемата финансиска штета досега регистрирана во инцидентите поврзани со најголемото ривалство во српскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×