Кепа Аризабалага
е во проблеми со оглед на својата форма изминатиов период која е под нивото на
кое сите очекуваат да го гледаат, а постојат големи критики на адреса на
Шпанецот поради серијата грешки на голот на Челси сезонава, а проблемите за
него се зголемија со последната одлука на Френк Лампард.
25 годишниот
голман кој се пресели на „Стемфорд Бриџ“ во 2018. година по трансферот од
Атлетик Билбао вреден 72 милиони фунти, е преселен на клупата за резервни
фудбалери во последните пет меча за Премиерлигашот, со тоа што Лампард сега се
реши за Кабалеро.
Така беше и
синоќа во осминафиналната пресметка со Баерн Минхен каде Челси пред своја
публика загуби убедливо со 0-3, а „АС“ наведува дека Кепа сега може да „настрада“
и во националниот состав на Шпанија.
Кепа беше избор
број еден во периодот кога селектор беше Роберто Морено, но сега во ситуација
кога Луис Енрике се врати на кормилото, може да се случи прва опција за таа
позиција да биде голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа.
Се верува дека
ситуацијата со Кепа во Челси воопшто не е наивна, а одлуката за голманската
позиција во селекцијата на Шпанија нема да биде воопшто лесна за одлука кај
Енрике, одлука за која ќе се размислува за настапот на Европското првенство
годинава.