Проблемите со повреди повторно го мачат Арсенал, па поради тоа не е и чудно што Микел Артета планира да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
„Топџиите“ се во потрага по засилувања, а неочекувана прилика би можела да се укаже од Баерн и тоа со Леон Горецка.
Шпанскиот стратег потврди дека клубот активно бара нови фудбалери за да може да се носи со бројните отсуства кои го погодија тимот. Поради проблемите, дури и Даклан Рајс против Брајтон мораше да игра како десен бек.
„Имаме многу повеќе повреди од тоа што очекувавме, а некои од нив не можеа да се избегнат. Сакаме да бидеме подобри и знаеме колку е важен дел достапноста на играчите во текот на целата сезона. Преодниот рок е тука, ние сме Арсенал и мораме да гледаме што ни треба. Мораме активно да бараме и потоа да видиме што можеме“, изјави Артета.
Медиумите на Островот пренесуваат дека претставниците на Гоорецка ги понудиле услугите на германскиот репрезентативец.