Претсезонските
подготовки за Спортинг Лисабон тргнаа лошо за нашиот репрезентативец и член на
тој португалски прволигаш, Стефан Ристовски, кој според известувањата на „Абола“
утрово бил приморан предвреме да го заврши тренингот.
Првите информации
кои пристигнуваат од кампот на Спортинг Лисабон во Швајцарија, според
известувањата на „Абола“, па не се исклучува можноста да се работи за ситна
повреда, инаку, поконкретно, се работи за проблеми со глуждот на левото стапало,
најверојатно станува збор за превиткување.
Ристовски денеска
ќе биде подложен на медицински тестови за да се утврди сериозноста на повредата
пред да продолжи на подготовките во Јона, за него сигурно ќе има одредена
рехабилитациона фаза во пресрет на утрешната прва контролка против швајцарскиот
нисколигаш Раперсвил-Јона.
