Од таборот на „Светците“ изминативе денови говореа дека е постигнат договор за тоа кој ќе ги изведува пеналите, откако Единсон Кавани и Нејмар против Лион одново се натегаа кој да шутира од белата точка.
Ова беше трет ваков инцидент, но вооедно и најголем со оглед на тоа дека расправијата продолжила и во соблекувалната, и за малку ќе настанела тепачка помеѓу двајцата играчи.
Според Ел Паис, во соблекувалната има „темпирана бомба“ откако Единсон Кавани ја одбил понудата на сопствениците од 1 милион евра да му ги препушти пеналите на Нејмар.
Весникот пишува дека на средбата со првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи, на напаѓачот му било соопштено дека ќе му биде исплатен бонусот од 1 милион евра за најдобар стрелец без разлика дали ќе стигне до овој наслов, само да му дозволи на Нејмар да шутира од белата точка.
Но одговорот на Кавани бил негативен, тој му кажал на Ал Келаифи дека не се работи за пари туку за гордост и дека за статусот кој го има напорно работел четири години.
Кога на Нејмар му било соопштено дека Кавани не е желен за компромис, Бразилецот бил бесен и веднаш потоа се пожалил дека не може да игра поради прстот на ногата, па беше извоставен од тимот за дуелот со Монпеље.