Англиските медиуми денеска пренесуваат дека Марко Силва е во сериозен судир со управата на Фулам, што ја отвора можноста за негово заминување и преселба во поголем клуб. Според написите, односите меѓу двете страни се нарушени поради низа несогласувања околу трансфер политиката и одлуките поврзани со составот.
Ситуацијата дополнително се влошила по жестоката расправија меѓу Силва и раководството, што создава напната атмосфера и голема неизвесност околу неговата иднина. Иако Португалецот продолжува професионално да ја извршува работата и на последните два натпревари впиша две победи, тоа не гарантира дека ќе ја дочека завршницата на сезоната.
Во наредните денови се очекува поголема јаснотија, но доколку клубот не го промени односот кон тренерот, постои реална можност Силва да си замине уште во текот на оваа кампања.