376
Барселона денеска доби лоши вести, Роналд Араухо има сериозна повреда на задната ложа, мора да оди на операција и ќе паузира околу четири месеци.
По повредата на должност со Уругвај на Копа Америка, Роналд Араухо денеска пристигна во Барселона на детални прегледи.
Тестовите донесоа лоши вести, настрадала задната ложа на десната нога, поточно тетивата, и дефанзивецот ќе мора да биде опериран.
„Каталонците“ најавија повеќе информации по оперативниот зафат кој ќе биде извршен во Финска, но медиумите на големо пишуваат дека за ваков тип на повреда, се паузира најмалку четири месеци.
Се прогнозира дека Роналд Араухо ќе се врати на терените дури во декември.