Во пресрет на
последното коло во Групата Д, Хрватска практично го има обезбедено првото
место на табелата, па тоа му дава можност на Златко Далиќ да експериментира со составот за
дуелот со Исланд.
На сите им е
јасно дека тој ќе ги одмара своите најдобри поединци но прашање е кои сè ќе биде
поштеден. Според пишувањата на медиумите од Хрватска, селекторот планира дури
10 измени и против Исланд ќе настапи со седум дебитанти на Светските првенства.
Стартери сигурно
нема да бидат оние кои имаат жолти картони (Иван Ракитиќ, Марио Манџукиќ, Шиме
Врсаљко, Анте Ребиќ и Марсело Брозовиќ) а одмор најверојатно ќе добијат Лука
Модриќ, Данијел Субашиќ, Дејан Ловрен и Домагој Вида.
Ваквите вести
сигурно нема да им се допаднат на Аргентинците, кои се надеваат дека со победа
над Нигерија ќе го продолжат настапот во Русија. Секако, разочарани ќе останат
и „Супер орлите“, кои си имаат свои математики и веруваат дека можат да стигнат
до осминафинале.
Најавениот состав
на Хрватска против Исланд: Калиниќ: Пивариќ, Чалета-Цар, Чорлука, Једвај,
Бадељ, Брадариќ, Ковачиќ, Перишиќ, Пјаца, Крамариќ