Проблеми на стартот од подготовките: Енис Барди е позитивен на ковид-19

by
1 минути читање

Проблеми на
стартот од подготовките за ЕВРО 2020, Енис Барди е позитивен на ковид-19 и ќе
мора во изолација. Како што брифираат од Фудбалската федерација на Македонија,  фудбалерот од средниот ред нема симптоми и се
чувствува добро.

При доаѓањето на
собирот, тој ги поитувал протоколите, немал контакт со соиграчите и лицата од
стручниот штаб, па другите ќе можат да продолжат со нормална работа.

„Енис Барди е без
симптоми и се чувствува добро. Ние како лекарски тим постојано ја следиме
неговата здравствена состојба. Пред извесно време имал контакт со дел од
играчите на Леванте кои исто така имаат позитивен тест на Ковид-19“
– изјави Александар
Савески, кој е дел од лекарскиот тим на репрезентацијата.

Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

×