Проблеми на Олд Трафорд, Лукаку не е среќен и е разочаран од Ибрахимовиќ, Погба и Мурињо

by
1 минути читање

„Црвените Ѓаволи“ изминатово лето успеаја да го украдат Ромелу Лукаку од Челси и да го донесат напаѓачот на Олд Трафорд во зделка која може да се искачи и до 90 милиони фунти.

Белгиецот одлично ја започна авантурата во Манчестер јунајтед но потоа следуваше пад во формата. Тој реализираше на последните два натпревари во Премиерлигата, но не ги прослави погодоците, а според Мирор, една од причините за ова е тоа што Ромелу Лукаку не е среќен и е разочаран од однесувањето на Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба и Жозе Мурињо.

Имено, голгетерот верува дека Златан Ибахимовиќ се обидува да го „минира“ и одбива да го прифати неговиот статус како прв напаѓач.

Ромелу Лукаку летоска покажа големо почитување кога од Златан Ибрахимовиќ побара дозвола за дресот со број 9 и покрај тоа што Швеѓанецот тогаш технички не беше фудбалер на Манчестер јунајтед бидејќи немаше договор со најтрофејниот клуб од Англија.

Белгиецот сега смета дека Златан Ибрахимовиќ не покажува почит кон него и секогаш кога двајцата се заедно на терен, Ибра го завзема централното место во форот и бара од Лукаку да игра странично.

Но револтот на Ромелу Лукаку не застанува тука, тој е разочаран и од однесувањето на Жозе Мурињо и Пол Погба, односно поради тоа што „Специјаниот“ не превзема ништо а неговиот пријател Погба не го поддржува, и повеќе гравитира кон Ибрахимовиќ.

Напаѓачот побарал помош и од Мино Рајола, но ниту агентот не реагирал бидејќи Златан многу подолго е негов клиент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×