53
Жоао Кансело е познат како фудбалер со проблематичен карактер, па во кој клуб и да отидеше заминуваше неславно.
Така ќе биде и во Ал-Хилал. Наводно Симоне Инзаги не сака да го регистрира Жоао Кансело во лигата на Саудиска Арабија за вториот дел од сезоната.
Причината е однесувањето на португалскиот фудбалер кое не му се допаѓа на италијанскиот стратег.
Се очекува Кансело да замине од Ал Хилал на почетокот од јануари.