Проблем за Реал Мадрид, Винисиус повторно се повреди! (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Винисиус само 27 минути помина на теренот, а потоа со очигледна болка и фрустрација поради повреда мораше да се повлече од игра.

Бразилскиот фудбалер се враќа во Мадрид каде по деталните тестови ќе биде утврдено за што точно се работи и колку долго ќе биде надвор од теренот.

По мечот Винисиус рече дека веројатно е истата повреда која ја имаше на почетокот на сезоната, но допрва ќе се дознае дали е така.

Винисиус е втор фудбалер на Реал Мадрид кој се повредува во оваа репрезентативна пауза. Претходно Камавинга се повреди на тренинг на Франција и ќе отсуствува од терените околу осум недели.

@2024 – Сите права задржани