Проблем за Македонија, Бобан Николов е позитивен на ковид-19

by
0 минути читање

Бобан Николов кој е нов фудбалер на Шериф Тираспол е позитивен на ковид-19.

Ова ќе биде проблем за новиот селектор Благоја Милевски бидејќи Николов е еден од стандардните репрезентативци.

Милевски денеска во 12 часот ќе го објави списокот на фудбалери за септемвриските натпревари, на него се очекува да биде и Николов но дали ќе може да допатува и да игра ќе зависи од неговата состојба.

Покрај Николов, неизвесен е и настапот на Аријан Адеми кој има повреда поради која ги пропушта и клучните мечеви на Динамо Загреб во квалификациите од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×