Проблем за Јунајтед, неизвесно е кога ќе се врати Бруно Фернандеш

by riste
1 минути читање

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш се повреди на вчерашниот меч против Астон Вила и се чини дека ќе пропушти неколку натпревари.

Португалецот заработи повреда на тетивата пред паузата, се обиде да продолжи, но не успеа, беше заменет на полувремето.

„Се работи за повреда на меките ткива. Мислам дека ќе пропушти неколку натпревари, но ќе видиме. Ќе најдеме решенија“, изјави Аморим.

Бруно Фернандеш сигурно ќе го пропушти мечот со Њукасл, а Аморим нема да може да смета ниту на Коби Мејну кој исто така има повреда.

Дополнително, недостапни се и Брајан Мбемо, Амад Диало и Нусаир Мазрауи поради настап на Купот на африканските нации, како и повредените дефанзивци Матајс де Лихт и Хари Магвајр.

Единствената позитивна вест за „црвените ѓаволи“ е враќањето на Касемиро, кој ја одработи суспензијата и ќе биде на располагање за дуелот со Њукасл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×