152
Манчестер Сити во недела игра против Вест Хем меч од Премиерлигата, а Гвардиола нема да смета на Стерлинг.
Тој има повреда на бутниот мускул. Манчестер Сити се надева дека нивниот фудбалер брзо ќе се опорави, но потврдија дека нема да игра во недела.
„Рахим Стерлинг ќе го пропушти нашиот натпревар против Вест Хем овој викенд откако скенот покажа дека има повреда на левиот бутен мускул. Сите во Сити му посакуваме на Стерлинг брзо опоравување“, стои во соопштението.
Стерлинг кој се уте нема постигнато гол во 2020, беше стартер на 23 од 25 лига натпревари на Сити оваа сезона.