Проблем за Челси, Палмер е во аут!

by riste
1 минути читање

Кол Палмер е надвор од теренот поради повреда, а во игра ќе се врати по репрезентативната пауза.

Палмер беше повреден и на стартот од сезоната, се врати на дуелот против Манчестер јунајтед, но повторно беше повлечен поради повреда.

Докторите му препорачале мирување, а одлуката е тој во наредните 2-3 недели да биде во аут. Би требало да се врати во игра по паузата за репрезентации.

„Одлучивме малку да го заштитиме Кол Палмер со цел да не стане полошо. Одлучивме да го одмориме во наредните 2-3 недели до крајот на репрезентативната пауза, да видиме дали со одморот ќе може да се опорави 100 проценти“, вели Мареска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×