Приведено е лицето од Арачиново кое нападна фудбалер на Брегалница (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Од МВР информираат дека лицето кое го нападна фудбалерот на Брегалница е приведено и против него ќе биде покрената постапка.

„На 21.11.2025 во 13:50 часот на стадион „Фортуна“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ш.А.(36) од с.Арачиново, скопско, затоа што за време на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на ФК „Брегалница“. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, се вели во билтенот на МВР.

И покрај инцидентот, Брегалница го продолжи натпреварот и победи со 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×