Легендарниот фудбалер на Евертон кој играше и за Реал Мадрид, Томас Гравесен бара отказ за селекторот на Данска, Брајан Ример, смета дека тој не е доволно добар за да ја води репрезентацијата.
Данска беше прво место пред последното коло од квалификациите, но загуби во Шкотска со 2-4 и падна на второто место па не избори директен пласман на Светското првенство.
Денешната ждрепка ја спои со Македонија во полуфиналето од баражот, но дали репрезентацијата ќе ја води Ример, останува да се види.
„Тој е катастрофа, многу лош тренер. Потенцијалот на одредени фудбалери мора да биде целосно искористен. За мене, Брајан е катастрофа, не е доволно добар за селектор“, распука Гравесен без влакно на јазикот.
Мечот меѓу Данска и Македонија се игра на 26 март.