Тони Крос излезе со прогноза за новата сезона во Ла Лига и Бундеслигата, смета дека Реал Мадрид и Беар Леверкузен ќе ги одбранат титулите, а Барселона и Баерн Минхен нема да финишираат ниту како вицешампиони.
Во поткастот „Ајнфах мал Лупен“, Тони Крос даде свое мислење што ќе се случува во Ла Лига и Бундеслигата во сезоната 2024/25.
Што се однесува до првенството на Шпанија, тој нема никакви дилеми, очекува Реал Мадрид да ја одбрани титулата. И покрај добриот старт на „каталонците“ под водство на Ханси Флик, кои имаат три од три, Тони Крос смета дека Барселона дури нема да биде ниту вицешампион и ќе заврши како трета, зад Атлетико Мадрид.
„Секако дека Реал Мадрид ќе ја одбрани титулата, немам никаков сомнеж околу ова“ – вели Тони Крос, кој по десет години во белиот дрес ова лето стави крај на кариерата.
„Битката за втората позиција ќе ја добие Атлетико Мадрид, ќе завршат пред Барселона“.
Обложувалниците делат исто мислење како Тони Крос околу шампионот во Ла Лига, и даваат коефициент 1,55 за одбрана на насловот. Коефициентот на Барселона е 3,50, додека пак оние кои сакаат да го поддршат Атлетико и да си ја пробаат среќата, добиваат коефициент 10.
Што се однесува до расплетот во Бундеслигата, Тони Крос има црни прогнози за Баерн Минхен.
„Баер Леверкузен ќе ја освои тулата, а Борусија Дортмунд ќе заврши како вицешампион. Пред месец ипол немаше да го кажам ова, но завршија добра работа на трансфер пазарот изминатиов период“.
Обложувалниците сепак имаат други математики, Баерн Минхен е прв фаворит за титулата со коефициент 1,75. За Баер Леверкузен да го одбрани насловот се нуди коефицент 3,75, а потоа следуваат Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг на нашиот Елиф Елмас со коефициент 17.
Обложувалницата Моцарт за сите нови играчи нуди огромен бонус, регистрирај се ТУКА и добиј бонус до 400 евра.