596
Англискиот култен тим Евертон мака мачи со финансиите во изминатите години. Поради тоа тимот е и во резултатска криза.
Сепак, спасот пристигна од Соединетите Американски Држави. „Фридкин Групацијата“ го презема раководството на Евертон, откако го откупи клубот за нешто повеќе од 400 милиони фунти.
„Карамелите“ може да се надеваат на подобри денови, а новото сопствеништво вети дека клубот нема да банкротира.
Сепак, навивачите на Евертон не треба да бидат претерано еуфорични. Оваа компанија на чело со Ден Фридкин е сопственик и на италијанска Рома, а во последните години е видливо дека немаат претерана желба и купувачка моќ на трансфер пазарот.