Хајдук соопшти дека го раскинува договорот со Иван Перишиќ по последните недоразбирања меѓу него и клубот.
Перишиќ со многу емоции пристигна на Хајдук, беше промовиран како огромно засилување за тимот, но неславно си оди.
„Жал ни е што се направи атмосфера која негативно се одрази на клубот, но посебно на Иван и неговата фамилија кои незаслужено доживеаа бројни нелагодности. Од првиот ден се знаеше дека Иван веројатно останува до крајот на летото. За жал, во последните неколку денови имаше несогласувања кои резултираа со заклучок дека соработката нема да биде продолжена. Во наредните денови ќе одлучиме дали излезот ќе биде во форма на трансфер или обостран раскин на договорот“, изјави спортскиот директор на Хајдук, Никола Калиниќ.
Перишиќ се поврзува со трансфер во Барселона каде тренер е Ханси Флик, човекот со кој работеше во Баерн Минхен.