Прилепската гордост добива нови сопственици, тие посакаа полн стадион в сабота – за Кочани!

by 24 фудбал
1 минути читање

Прилепска Победа ќе добие нови сопственици, бидејќи е во тек предавање на клубот од страна на општината на нови инвеститори.

Иако уште се неименувани, новите сопственици го испратија првото соопштение. Тоа е поврзано со жртвите од трагедијата во Кочани. Парите од билетите на следниот натпревар на Победа в сабота против Башкими ќе бидат донирани за настраданите.

Ве известуваме дека ФК Победа АД Прилеп во моментов се наоѓа во период на примопредавање на извршната власт. Новите акционери донесоа одлука сите средства од продажба на билети за претстојниот натпревар помеѓу ФК Победа и ФК Башкими ќе бидат наменети за помош на семејствата на жртвите од трагичниот настан кој се случи на 16.03.2025 година во Кочани. Билетите ќе се продаваат на штанд na ФК Победа кој ќе биде поставен на Градскиот плоштад во Прилеп, како и пред Градскиот стадион „Гоце Делчев“ пред почетокот на натпреварот“, стои во соопштението на ФК Победа.

Со ова Победа се приклучува на повеќе екипи кои направија хуманитарни потези по трагедијата. Натпреварот меѓу Победа и Башкими се игра в сабота во 15.00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани