Приказна како за на филм: И́ кажаа дека нема да може да игра фудбал, а таа ја освои Европа!

by Стефан
1 минути читање

Англиската женска фудбалска репрезентација успеа да ја одбрани титулата на Европското првенство, совладувајќи ја селекцијата на Шпанија по изведување пенали. Една од клучните фигури на финалето беше голманката Хана Хемптон, која со два одбранети пенали беше херој за својата репрезентација.

Фудбалерката на Челси зад себе носи инспиративна животна приказна. Од најрана возраст се соочила со сериозни здравствени предизвици бидејќи и бил дијагностициран, страбизам, очна состојба која значително влијае на перцепцијата на длабочина. Во тие моменти проценките на докторите биле дека не би можела да се занимава со фудбал. Но, Хемптон не се откажа. И покрај сомнежите на околината, не ја загуби вербата во себеси и својот сон.

„Уште од мала ми велеа дека не можам да играм фудбал, дека тоа нема да биде професија што би можела да ја следам. Но, еве ме…“, изјави Хемптон по големиот триумф.

На голот на Англија застана на 24 години наследувајќи ја легендарната Мери Ерпс и покажа дека може да бидде достојна замена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×