Приказна како од филм: Сенегал се врати од мртвите и го освои АФКОН! (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање

Сенегал по втор пат е шампион на Африка, популарните „Лавови од Теранга“ беа пред пораз во финалето против Мароко, но се вратија од мртвите и на продолженија славеа со 0-1.

Сенегал го освои Африканскиот куп на Нации, во финалето го совлада домаќинот Мароко. Во приказна како од филм, популарните „Лавови од Теранга“ се вратија од мртвите и на продолженија славеа со 0-1.

Вистинска драма се случуваше во последните секунди од регуларниот дел кога беше досуден сомнителен пенал за Мароко.

Фудбалерите на Сенегал не се сложуваа со одлуката, па дури и го напуштија теренот во знак на протест. Но Садио Мане некако ги убеди да се вратат, а Брахим Дијаз ја зема топката и тргна да донесе славје.

Но наместо да биде херој и да го направи Мароко шампион на Африка по пауза од 50 години, напаѓачот на Реал Мадрид се избрука за сите пари и со „паненка“ практично му ја подаде топката на голманот Менди.

Сенегал знаеше како да го искористи ова, па веднаш на стартот од продолжението поведе со 0-1, Папе Геј биеше неодбранливо во аголот за огромна радост на гостите.

Борбата на теренот се распламна, двете селекции имаа уште неколку шанси, но за некое чудо мрежите мируваа и резултатот остана 0-1, па Сенегал можеше да почне со славјето.

Овој натпревар сигурно никогаш нема да биде заборавен и долго време ќе се прераскажува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×