Пријовиќ беше фатен како се пијанчи во хотел во Белград за време на полициски час по што веднаш беше уапсен.
Фудбалерот се договорил со судот и во наредните три месеци ќе биде во домашен притвор.
Но тоа изгледа дека е најмалиот проблем за Пријовиќ ако се знае дека тој може да загуби неверојатни 18 милиони фунти.
Тоа е сумата која треба да ја заработи за време на четири и полгодишниот договор со Ал Итихад кој му почна од јануари.
Но, српските медиуми јавуваат дека во договорот меѓу Пријовиќ и Ал Итихад има клаузула дека клубот во секој момент може да му го раскине договорот доколку процени дека на некој начин тој го руши нивниот углед.
Неговиот непримерен однос за време на полицискиот час е сериозно рушење на угледот на Ал Итихад особено ако се знае строгоста на Саудијците кога е во прашање алкохолот. Дополнително Пријовиќ нема да може да се врати во Саудиска Арабија во наредните три месеци поради куќниот притвор.
Голема е веројатноста дека ќе добие раскин на договорот и нема да ги заработи своите 18 милиони евра, но Ал Итихад го има последниот збор.