Претпоследниот
ден од квалификациите реши уште неколку дилеми за патниците на СП 2018.
Србија се мачеше
против Грузија, но Александар Пријовиќ погоди во 74. минута за три бода кои го
загарантираа првото место во Групата Д, и нашиот северен сосед ги чекираше
билетите за Русија.
Драматично беше и
на вториот натпревар од оваа група, во дербито на „Островото“, Ирска славеше на
гостувањето кај Велс со 0-1 и си обезбеди бараж.
На мундијалот ќе
патува и Исланд, најпријатното изненадување на Европското првенство минатата
година. Со головите на Сигурдсон и Гудмундсон, „Риберите“ славеа со 2-0 против
Косово и го обезбедија првото место во Групата И.
Хрватска исто
така се фати за последната сламка надеж, „Коцкасрите“ со 0-2 победија кај
Украина, па и тие преку бараж ќе бркаат учество на СП 2018. Херој на
натпреварот беше Крамариќ со два гола.
На останатите
вечерашни натпревари, Италија со 0-1 славеше над Албанија, а со ист резултат
Шпанија победи на гостувањето кај Израел, а и Австрија ја совлада Молдавија.
Најефикасно беше
на средбата Финска-Турција, каде конечниот резултат гласеше 2-2.