„Пријателе ние не сме Хал… Со ваков менталитет подобро да се вратиш во Хал“ – Мегваер ги налути навивачите (ФОТО)

by
1 минути читање

„Ѓаволите“ синоќа
потфрлија на гостувањето во Холандија, не упатија ниту еден удар во рамките на
голот, па сосема очекувано, навивачите не беа задоволни од она што го видоа. Хари Мегваер,
иако не играше против АЗ Алкмар и беше поштеден од Оле Гунар Солшер, успеа
дополнително да ги налути фановите со својот пост на социјалните мрежи.

„Бод освоен на
гости. Благодарност за поддршката. Се гледаме во недела
“ – гласеше неговата
порака на Твитер.


На навивачите не
им се допадна тоа што Хари Мегваер е задоволен со реми против тим кој е далеку
под калибарот на Манчестер јунајтед, па „удрија“ по Англичанецот, кој ова лето
стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

„Пријателе ние не
сме Хал“
– гласеше една порака. „Со ваков менталитетл подобро веднаш да се
вратиш во Хал“
– напиша друг.

Хари Мегваер
увиде дека направил грешка, па брзо го избриша својот пост.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×