674
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ најави дека приходот остварен од продажбата на билети за мечот меѓу Македонија и Велс ќе биде дониран за погодените од трагедијата во Кочани.
Македонија денеска со 3-0 го совлада Лихтенштајн, а во вторник од 20:45 часот ја пречекуваме селекцијата на Велс во меч од второто коло во квалификациите за СП 2026.
„Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе. Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите“, вели претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.